Препукувањата продолжуваат: Сејдини не дошол на закажаната средба со репрезентацијата

Релациите помеѓу репрезентацијата и раководството на ФФМ од поодамна се нарушени.

Пандев отворено застана против раководството на ФФМ на чело со Сејдини, а претседателот не е во добри односи и со селекторот Ангеловски.

Тој вечерва после натпреварот со Лихтенштајн реши отворено да зборува за односот и комуникацијата со Сејдини.

„Сакам да ја искористам оваа можност да ве запознаам бидејќи се крева прашина за односот ФФМ – репрезентација… Некои кажуваат дека треба нешто да се преземе. Е, што да се преземе? Во петокот го повикав Сејдини да разговараме околу сите недоразбирања, но во саботата не дојде иако ни вети. Оствариме нешто убаво и имаме пред нас радосни моменти, затоа треба сите заедно да одиме кон таа цел“, рече Ангеловски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде