Пренос од Романија – Македонија утре ќе има само на „Спортклуб“

Македонската фудбалска репрезентација утре ги започнува квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра против Романија утре со почеток од 20:45 часот. Ексклузивните права за преност на квалификациите за Мундијалот ги има „Спорт клуб“, па поради тоа и овие дуели на Македонија ќе ги гледаме само каналите на „Спорт клуб“.

Утрешниот пренос е на „Спортклуб 3“.

Ќе потсетиме, дека за среќа националниот сервис МТВ ги има откупено целокупните права за Европското првенство кое ќе се игра во летото кое следи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде