Премиерот Заев ја прифати оставката на Рашковски

„Тоа е негова лична одлука и има право на тоа. Владата во неколку наврати ги охрабри институциите да проверат дали се прекршени какви било процедури, правила, стандарди.

Уште еднаш потенцираме дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспраентна процедура, во целосна соглансост со законот за јавни набавки, институциите имаат потреба од тој софтверот за сообраќај, истиот е набавен по сума која била спуштена низ тендерската постапка, тој софтвер е тестиран, исправен, функционален и нашите институции ќе го користат, а банефит ќе имаат граѓаните и нивната безбедност.

Владата работи по највисоките професионални, правни, етички и законски постапки и нема да дозволи нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност.

Ве известуваме дека Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде