Прекрасна вест: Зачука новото срце кај младо момче, успешно извршена трансплатација

Прекрасна вест утрово ни пристигна од Клиниката за кардиохирургија.

Рано утрово, четири часа по полноќ заврши втората трансплатација на срце во историјата на Македонија.

Кај младо момче, кое подолго време чекало донор утрово зачука ново срце, благодарение на тимот од Клиниката за кардиохирургија.

Филипче претходно изјави дека починала млада пациентка за која има согласност за донација на органи од семејството.

„Веројатно имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши“, рече Филипче

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде