Прекрасна фотографија: Снимен уште еден балкански рис во Националниот парк Маврово

Балканскиот рис сѐ уште е kpитично загрозен. Станува збор за околу 50 возрасни единки во целиот Југозападен Балкан. Во Македонија има најмногу, можеби 30-40 возрасни единки, додека ситуацијата во Албанија и на Косово е навистина критична.

– Се поставува и прашањето дали овие мали популации се конектирани или раздвоени, што дополнително би го загрозило нивниот опстанок од аспект на размножување во сродство.

Во секој случај, нашите истражувања реализирани во националниот парк Маврово и околината се охрабрувачки и укажуваат на мал пораст на популацијата.

Тоа е од огромно значење, бидејќи се работи за најзначајниот предел за балканскиот рис – нѐ информира Диме Меловски, раководител на Програмата за заштита на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Според него, на рисот му е потребна интегрална заштита: односно штитење на единките од ловокрадство, заштита на неговото живеалиште (преку прогласување нови заштитени подрачја) и на неговиот главен плен – срната и дивата коза, бидејќи не може да очекуваме присуство на рис доколку ги нема нив.

Најмногу рисови има во националниот парк Маврово и во негова непосредна близина. Утврдено присуство има и на Јасен, Пелистер, Јабланица, Сува Гора, Челоица, Стогово, Караорман, во јужните делови на Шара, Илинска и Плакенска Планина, бидејќи овие ретки животни претпочитаат планински терени со шумска вегетација.

Од Национален парк Маврово споделија фотографија од балкански рис на својот фејсбук профил.

Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово, главното упориште на балканскиот рис“, е наведено на објавата на нивната страна.

Скоро еден месец откако беше фотографиран рис во Националниот парк Галичица, денеска уште една слична фотографија се појави од уште еден балкански рис во Националниот парк Маврово.

Неколку децении, во Македонија не беа забележани овие животни, сè до втората половина на 2020 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде