Предупредување од УХМР – еве какво време не очекува овој викенд

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, на места поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Утре поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час), а дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови, најавија од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Во Скопје  времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и во вечерните часови повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 20 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде