Пред да замине за Турција, Аниса ми рече: „Ќе одам во Турција, почекајте да дојдам“

Во кобната трагедија која вчера се случи на автопатот Струма во Бугарија, а во која 45 лица од Македонија го загубија животот,

од кои 12 деца, починаа и наставничката по македонски јазик од ОУ „Наим Фрашери“-Студеничани, Фекрије Исени и нејзината ќерка Аниса, ученичка во деветто одделение во истото училиште.

„Слободен печат“ поразговара со една од наставничките на Аниса. Таа ја опиша Аниса како добра и примерна ученичка, а низ солзи зборуваше и за нејзината колешка Фикрије.

– Пред да замине за Турција, Аниса ми рече: „Ќе одам во Турција, почекајте да дојдам“. Имавме роденден за славење. Ја чекавме, пријателите ја чекаа, но таа не дојде.

Дојде црната вест дека повеќе нема да биде меѓу нас. Мојата колешка, сега починатата, Фикрије често ми велеше: „Аниса ќе личи на тебе, ќе стане како тебе, ќе се облекува како тебе, ќе стане учителка…“.

Нејзините соученици ме пречека со наведната глава, слушнаа за веста, и за Аниса, но чекаа јас да им кажам. Една клупа во нашата училница ќе остане празна засекогаш,

но ние ќе ја чуваме Аниса во нашите срца насмеана, како што беше, вели за „Слободен печат“, наставничката на Аниса, Мимоза Мустафаи која во ова училиште предава албански јазик и литература.

Вработените во општина Студеничани го загубија и колегата вработен во подрачната служба на Министерството за правда, Хамди Исени заедно со неговата сопруга.

Целиот текст на Слободен печат прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде