Пратеничка на СДСМ објави фотографија: Патувам кон Собрание со скафандер

Пратеничката од редовите на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска објави фотографија на Фејсбук облечена во скафандер и објави дека пристигнува во Собрание за да учествува на денешната седница на која треба да бидат изгласани антикризните мерки.

„Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот. Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот“, напиша пратеничката Костадиновска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде