Познато кога Роналдо ќе ја донесе одлуката

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е подготвен да донесе одлука.

Роналдо има договор со Јувентус до летото 2022. година, но шпанските медиуми последните неколку недели пишуваат за можно враќање на Португалецот во Реал Мадрид.

Според Тутопорт, Роналдо пред мај ќе го извести раководтвото на Јувентус за своите намери, односно каде планира да ја помина следната сезона.

И Јувентус планира да направи големи промени во тимот по крајот на сезоната, па така на торинскиот клуб ќе му биде важно на време да знае дали Роналдо сака да остане или одлучил да ја промени средината.

Покрај Реал Мадрид, за Роналдо се интересираат и ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде