Познати полуфиналните двојки во ЛШ!

Оваа сезона ќе добиеме нов првак во ЛШ откако Баерн синоќа испадна во четвртфиналето во ЛШ.

Лигата на шампионите влегува во самата завршница, а после вечерашните натпревари дознавме кои екипи остварија пласман во полуфиналето.

После ПСЖ и Челси, кои синоќа остварија пласман во полуфиналето, вечерва им се придружија Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Тоа значи дека во полуфиналето ќе ги гледаме дуелите ПСЖ – Манчестер Сити и Реал Мадрид – Челси.

Првите натпревари се играат на 27. и 28. април, додека реванш натпреварите се на распоредот седум дена подоцна. Финалето се игра на 29. мај во Истанбул.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде