Пoжap вo Пapиз, вo kaмп нaceлбa kaдe штo живeaт мakeдoнци и aлбaнци бapaтeли нa aзил

Попладнево избувна пожар на улицата дес Алие во ромскиот камп во Гренобл, во кој живеат и семејства од Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Париз.

За гаснење и спречување на ширењето на пожарот, кој е пријавен нешто по 15 часот, се мобилизираа повеќе пожарникари.

Утврден е безбедносен периметар бидејќи пожарникарите стравуваат од експлозија поради присуство на плински боци.

Засега сѐ уште не се познати причините за пожарот.

Во овој камп-дива населба, веќе неколку месеци живеат семејства на бездомници Албанци и Македонци. Тие чекаат да им се потврдат барањата за азил, во исклучително тешки услови за живот.

Градското собрание формираше екипи за да се обиде да им помогне.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде