Потег за пофалба: Кожувчанка на Јанчев ќе донира неограничена количина вода за сите вакцинални пунктови во државата

„Многу бројните донации низ годините ја прават Кожувчанка ДОО на прво место како најголем опшествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно.

Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаден во наша држава со негазираната природна изворска вода Изворска.

Особено ни е чест и гордост на нашата последна соработка со Министерството за здравство со кои направиме договор за донација на неограничена количина на Изворска за сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.

Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направеме истото.“, се наведува во соопштението на ФБ профилот на „Кожувчанка“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде