Понуда која не се одбива: Сити го прави Халанд најскап играч во Премиер лигата

Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва цел е Ерлинг Халанд.

Според медиумите во Англија, Сити е фаворит за потписот на Халанд, бидејќи „граѓаните“ спремиле понуда која не се одбива.

Имено, „граѓаните“ на Норвежанецот му нудат астрономска плата од 600.000 фунти неделно, нешто што ниту еден друг клуб не може да му го понуди.

За Халанд уште се заинтересирани Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед, но овие клубови тешко дека ќе можат да ја израмнат понудата.

Сити за неговиот потпис ќе треба да му плати на Дортмунд повеќе од 100 милиони евра, па целиот трансфер ќе изнесува неверојатни 300 милиони фунти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде