Помага во топење на мастите: Одличен пијалок за здраво добро утро

Изборот на утрински здрав пијалок за убав почеток на денот е важна навика во секојдневието за одржување на здравјето и формата на вашето тело. Ако веќе немате востановено некоја таква навика, еве еден предлог од нас – здрав овошен коктел кој помага при топење на мастите.

Се пие секое утро на гладен стомак, а по потреба ако почувствувате глад, може да го пиете и помеѓу оброците.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2-3 кругови сиров ананас
3-5 листови свежо нане
1 лимон
1 лажица рендан свеж корен од ѓумбир
1 лажичка мед

ПОСТАПКА:

Во блендер ставете го исчистениот и исечкан ананас и ѓумбир, додадете сок од еден исцеден лимон, сечкани листови од нане по вкус и засладете со лажичка мед. Додадете и малку млака вода за разредување по вкус.

Напитоко се пие на гладен стомак, наутро, за да го започне процесот на детоксикација, исфрлање на вишокот вода и согорување на масните наслаги. Овој процес ќе започне многу брзо.

Ѓумбирот ја зголемува температурата и на тој начин го забрзува метаболизмот, циркулацијата и согорувањето на мастите.

Медот освен што ќе ве наполни со потребни електролити и хранливи материи, исто така има за цел загревање на телото и полнење со енергија.

Лимонот и нането ја подобруваат брзината на варење и согорување на повеќе калории. Ја подобруваат рН вредноста и делуваат врз перисталтиката и исфрлањето на токсините од телото.

Ананасот е пресудната состојка на овој напиток, бидејќи го содржи ензимот бромелаин кој поволно делува врз дигестијата и го помага слабеењето.

Покрај тоа има антиинфламаторно дејство, па ја елиминира и подуеноста на стомакот. Фруктозата која ја содржи во својот состав ќе придонесе во задоволување на потребите за глукоза, а со тоа ќе ја сузбие желбата за слатки. Со самото тоа ќе се намали и дневниот внес на калории во организмот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде