Покрај Скопје, уште три градови во државата се со алармантна Ковид статистика

Битола, Куманово, Прилеп, Кавадарци и Велес во вчерашната статистика за новозаболени од Ковид-19 во земјава беа петте града на врвот на табелата веднаш зад Скопје кој имаше 452 нови случаи.

Битола со новите 85 регистирани новозаболени достигна бројка од 1326 активни случаи, Куманово вечар забележа 80 новозаволени и сега бројката на активни случаи во овој град е 1257. Триото кое е веднаш на врвот на листата според бројот на активни случаи во монентог во заокружува Прилеп каде вчера имаше 49 новозаболени, а вкупната бројка достигна 1061. Ова се трите града кои имаат четвороцифрен број активни случаи.

Потоа следува Велес со 847, вчера градот имаше 41 нов случај. Висока бројка новозаболени во вчерашната статистика за последните 24 часа имаше и Кавадарци каде беа пријавени 45 нови случаи. Кавадарци во моментов има 624 активни случаи.

Битола, Куманово и Прилеп се веднаш после Скопје и според бојот на хоспитализирани лица во ковид центрите. Во Битола на болничко лекување се 134 пациенти, во Куманово 100, а во Прилеп 129 лица.

Извор: skopjeinfo.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде