Погледнете ги сите голови на Пандев во дресот на Џенова 🎥

Репрезентативецот на Македонија Горан Пандев вчера во натпреварот против Беневенто во кој неговата Џенова одигра 2:2 беше стрелец на двата гола.

Со двата гола Пандев стигна до бројката од 100 гола во најсилната италијанска конкуренција и така стана првиот Македонец кој стигнал до 100 гола во некое од најсилните првенства.

Во дресот на Џенова Пандев постигна 27 гола, а на официјалниот клупски канал објавија видео од сите голови на Гранде во нивниот дрес.

Од другите клубови Пандев има 19 за Наполи, 5 за Интер, 48 за Лацио и 1 (првиот) за Анкона.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде