Почина овчарот од кратовско, кој пет часа на раце го носеше лекарската екипа

Утрово во штипската болница почина овчарот (63) од кратовско, кој пет часа на раце го носеше лекарската екипа, пренесе Телма.

Сточарот преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекар од кратовската Итна помош преку ФБ објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Случајот кој заврши со смрт на 63-годишниот маж уште еднаш покажа дека во Македонија нема соодветен систем за медицинско спасување и извлекување, ниту пропишан и ефикасен начин за употребата на хеликоптери во хуманитарни цели за спасување на човечки животи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде