По победата, УЖАСНИ вести за ceлектоpoт Милевcки – ги гyби најбитните играчи

Македонската фудбалска репрезентација денес го победи Исланд и обезбеди бараж за Мундијалот во Катар.

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот се заблагодари и на Игор Ангеловски кој го започна овој циклус.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои беа тука претходно. Пред се на мојот претходник кој го започна овој циклус, како и на дел од репрезентативците што не се денес тука, сите сме заслужни. Нормално дека го очекував, ако не очекував успех не би бил тука“.

Македонија ќе мора без еден од најдобрите играчи во полуфиналето од баражот за Светското првенство (СП) во 2022 година, затоа што Ељиф Елмас доби жолт картон против Исланд и ќе паузира еден натпревар.

Фудбалерот на Наполи имаше акумулирани жолти картони од претходните натпревари, а со ова предупредување од италијанскиот судија Маса добива суспензија.

Пред натпреварот, беше посочено дека Елмас ако пожолти ќе биде суспендиран на следната средба.

На оваа средба, против противник што дополнително ќе го добиеме, ќе го нема ниту Тихомир Костадинов, кој исто така го доби вториот жолт картон.

Полуфиналето и финалето во баражот се играат во месец март, а Македонија ќе го добие ривалот на ждрепка и ќе биде гостин на првата од двете пречки кон Мундијалот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде