По долги расправии, вербални дуели и напади во Собранието, денеска заврши 36-тата седница на која беа изгласани 5. пакет мерки помош за стопанството и граѓаните.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во салата и гласаа, како што и најавија. Меѓутоа претходно го нападнаа претседателот Талат Џафери за непочитување на мерките и законите, односно дозволата да гласаат пратеници позитивни на коронавирус.
„ЗА“ гласаа 113 пратеници, без против и воздржани, со што беа донесени пакет мерките.