Пике го избрка Дембеле од заедничката фотографија

Барселона синоќа го освои трофејот во Купот, што е прв трофеј за Каталонците после сезоната 2018/19.

После последниот свиреж настана големо славје меѓу фудбалерите на Барселона, а еден детал посебно го привлече вниманието на медиумите.

Кога дел од фудбалерите решија да се сликаат со трофејот, дојде и Осман Дембеле, но Пике го избрка.

„Ајде бегај. Знаеш ли колку пари потроши клубот на тебе“, му рече Пике.

Секако, ова беше само шала, бидејќи на фотографијата беа само играчи кои потекнуваат од „Ла Масија“.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде