Пендаровски му врати на Филипче – еве што напиша

Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил му врати на реакцијата на Венко Филипче кој рече дека е изненаден од изјавата на Претседателот.

„Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.“ – напиша Пендаровски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде