Павле Трајанов: Пописот да се одложи најмалку до јуни

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска побара од надлежните да го одложат пописот најмалку до јуни, а во меѓувреме да се постигне политички консензус и да се вакцинираат попишувачите.

„Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради тоа што се влошува епидемиолошката состојба, вирусот се шири, има голем број заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се доцни.

Иселениците Македонци досега не се попишаа, голем број граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање.

Сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен, а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност.“, рече Трајанов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде