Пауновски: Не можевме да го казниме Богдановиќ, беше во хотел со спиење

Немаме никаква основа да го казниме ниту градоначалникот на опоштина Центар, Саша Богдановиќ, ниту хотелот во кој тој седел, бидејќи тој бил регистриран како гостин во хотелот со спиење, вели за Фактор директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Пауновски за Фактор вели дека синоќа, некладе пред 21 часот, добиле пријава за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, а за тоа добиле и фотографија. 

„Веднаш ги ангажирав инспоекторите, оние кои имаат дозвола за работа на терен и после полициски час, и тие веднаш отишле на местото на настанолт да ја проверат пријавата. Но, се испоставило дека тие не можат да преземат никакви мерки, бидејќи градоначалникот бил региостриран во хотелот клако гостин со спиење. За тоа имаме и комплетна документација од хотелот. Што значи дека тука нас ни се врзани рацете и не можеме да преземаме никакви мерки. Значи, излезе дека ова било лажна дфојава“, вели за Фактор Пауновски. 

За ова, според него, има и документи, и од хпотелот и од МВР, дека гоистинот бил регистриран со спиење, и дека не може да се дејствува.

За Фактор директорот на ДПИ, Пауновски, ги испрати и документите, кои следуваат:

Според протоколите, хотелите можат да служат храна за своиоте гости до 20 часот, но гостите и потоа можат да седат во нивните фоајеа. 

„Всушност, лоши се протоколите, а ние и нашите инспектори мора да постапуваме по протоколи, бидејќи во спротивно ќе дојдат адвокатите на тој хотел на пример, и ќе ни поднесат тужби, нешто што не смееме да си го дозволиме“, објаснува Пауновски за Фактор.

А на нашето прашање зошто Богдановиќ бил гостин со спиење во хотел во Скопјер, кога самиот е скопјанец, вели дека тоа прашање треба да му го поставиме нему.

А денеска овој случај го отвори опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која тврди дека Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар, бил затекнат во ресторан во Дебар Маало во услови кога не е дозволено работење на угостителите.

„Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час. Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани. Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ“, тврди пратеникот Бојан Стојаноски.

Богдановиќ се јави со демант и вели дека бил во хотел каде сместувал странски кошаркар што ќе игра за КК Работнички.
„Целосно ги отфрлам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа ќе покренам граѓански спор“, вели Богдановиќ.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде