Пановски се огласи за смената на Филипче и ги изненади сите

Претседателот во заминување на СДСМ Зоран Заев на заедничката прес-конференција со Африм Гаши од Алтернатива зборување за министерот за здравство Венко Филипче дека повеќе нема да биде на таа функција, па ќе има повеќе време за дружење со него.

„ Сега Министерот за здравство Венко Филипче ќе има повеќе време да ми биде другар, кога работите немате многу време за дружење. Летоска имавте можност да не фатите како возиме мотори.

Ако новите кадри и новиот мандатар не сметаат на него, јас сметам во мојот приватен живот и моите планови со Филипче“ се пошегува Заев.

Додаде дека како неврохирург Филипче може да им помогне многу на граѓаните, дека има одлично знаење кое може да биде употребено во периодот на општествено ниво.

За смената на Филипче коментар даде и доктор Пановски.

Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните, вели доктор Пановски, кој беше гостин на Утринска на Телма.

Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.

При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде