Пановски: Кон крајот на април ќе имаме над 60 починати на ден

Д-р Никола Пановски вечерва во интервју за Сител телевизија истакна дека кон 20-ти април ќе имаме пик од над 60 починати на ден.

„За жал, бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот на новооткриени случаи. Ако пред некој ден имавме некој пик од 1500 или сме на тоа ниво или пак деновиве ќе го достигнеме, би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна.

Односно, ако просекот од последниве денови е 40, за жал се очекува да оди и над 60 кога ќе биде пикот. Да речеме ако денеска е трети, пикот на смртни случаи би бил околу 20 април, при што може да се очекува потоа бројот на смртни случаи да паѓа, прво бројот на новозаразени, а потоа и на смртни случаи“ – рече Пановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде