Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се соочуваат со проблем, а корисниците низ целиот свет алармираат дека веќе некое време не се достапни.
Корисниците претежно известуваат дека содржината не се вчитува и дека не можат да пристапат до основните работи, како што се написот и објавувањето.
Покрај Фејсбук и Инстаграм проблем има и со апликацијата WhatsApp, преку која не можат да испраќаат и примаат пораки.
Засега нема официјални информации од компаниите во врска со проблемите.