Падна договор: Пописот да биде во септември, а изборите во втората половина на октомври

Пописот, наместо од 1 до 21 април, да се одржи од 5 до 30 септември (25 дена), а локалните избори, наместо во првата половина на октомври, да се одржат во втората половина од тој месец е договорот што го постигнале лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски на денешната тет-а-тет средба во Клубот на пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат средбата како успешна, а Мицкоски исто така најави деблокада на парламентот, посочувајќи дека опозицијата ќе работи во Собранието заедно со мнозинстото за сите закони кои произлегуваат од ЕУ-агендата, како и за реформските и законите за поддршка на стопанството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде