Ова не е шега: Во едно село во Бугарија има 3.526 Маkедонци и само 789 Бугари

Заклучно со 22 октомври 2020 година, речиси 78 илјади македонски државјани побарале да добијат бугарски пасош врз основа на своето бугарско потекло, велат официјалните податоци во Бугарија презентирани во парламентот.

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година речиси 78.000 македонски државјани поднеле барање за бугарско државјанство, а речиси 90 отсто од нив и го добиле.

Во последните 10 години, 66.000 Македонци добиле бугарски пасош и сите врз основа на своето бугарско потекло. Овие податоци во бугарскиот парламент ги обелодени министерката за правда Десислава Ахладова одговарајќи на новинарско прашање. 

Како што пренесува бугарскиот весник Дневник, од вкупно поднесени 77.829 барања за бугарско државјанство, дури во 77.725 случаи основата била бугарското потекло. 

Во селото Рилци, Благоевград во тек е дерегистрација на бугарски државјани од Македонија кои се регистрирани на адреса со непостоечки број. Во селото има 789 лица, а Македонци има регистрирано 3.562.

Тие ќе бидат избришани од избирачкиот список доколку не достават апликација за гласање.

Дерегистрација започна откако селаните испратија писмо до обвинителството и полицијата со барање да престане регистрацијата на Македонци на непостоечки адреси.

Таков проблем има во повеќе села во Благоевград и други населени места како што се Сандански, Петрич и Кресна.

Претходно беше откриено дека во селото Бело Поле во Благоевград на една адреса има регистрирано над 600 лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде