Османи и даде поддршка на Захариева во случајот со шпионажа од Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и даде поддршка на колешката од бугарска страна, Екатерина Захариева во расчистување на случајот со шпионажа на групата во корист на Русија.

„Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудива сите малигни активности на територијата на Република Бугарија.“- напиша Османи на својот Твитер профил.

Да потсетиме, обвинителството во Бугарија соопшти дека е откриена група која шпионирала во корист на Русија.

Групата која шпиунирала имала пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде