Оние кои ќе одбијат да се попишат ќе добијат голема казна

Вкупната бројка на иселеници кои се попишале до моментот изнесува 121.580 лица, а во последното деноноќие тоа го направиле повеќе од 20.000 граѓани.

Од ДСЗ велат дека тоа нагло зголемување на попишани лица се должи на викендот, но и кампанњата која се води во дијаспората дала резултати.

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика заедно со владиниот портпарол, Душко Арсовски соопшти дека одложување на пописот нема и ќе почне на 1 април, а за граѓаните кои ќе одбијат да се попишат ќе има казни од 300 евра.

Арсовски посочи дека учеството во пописот е задолжително, кривично се одговара само за поттикнување на бојкот на статистичката операција, а против тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде