Oфицијално: Гоце Седлоски нов тренер на Шкупи

Од денес Гоце Седлоски е нов тренер на Шкупи.

Шкупи и официјално го промовираше Седлоски за нов шеф на стручниот штаб. Очекувањата од Седлски се највисок пласман, а во клубот веруваат дека тоа може да го оствари.

„Сакам да се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите кои помогнаа да бидам тука. Разговаравме и во текот на зимата, но тогаш не се договоривме. Сега бил вистинскиот момент да дојдам во Шкупи.

Амбициите ни се совпаѓаат – нависок план. Знам дека клубот многу вложува, некои фудбалери ги познавам од времето кога бев во Вардар“, изјави Седлоски на промоцијата.



Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде