Од први мај натпревари со публика во Серија А?

Денес од Италија пристигнуваат најави дека навивачите би можеле да се вратат на трибините во Серија А оваа сезона.

Во Италија беа објавени нови „полабави“ ковид-протоколи, а „Скај Италија“ пренесе дека навивачите во одреден број на трибините ќе можат да се вратат веќе од први мај.

Инаку, Рим е еден од домаќините на Европското првенство ова лето и за овој турнир се најавува присуство на публика, па така навивачите во клупските фудбал би биле еден вид увертира за континенталниот собир.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде