Од понеделник започнува вакцинација на вработени во критична државна инфраструктура

Министерот за здравство Венко Филипче предмалку на својот фејсбук профил објави дека е донесена одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура.

„4000 вакцини Астра Зенека ќе бидат издвоени за вработени во критична државна инфраструктура кои ќе можат од почетокот на следната недела да се вакцинираат, согласно одлуката на Националната техничка група за имунизација.

Во оваа група се опфатени вработени во МВР кои се најизложени на ризик, вработени во АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, Град Скопје – возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

На овој начин ќе се заштитат граѓаните кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази.“ – напиша Филипче на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде