Од ноќеска започнува летното сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час напред

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде