Од недела започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето ќе почне в недела, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање кое оваа година започнува на 28 март во 02:00 часот.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде