Од корона почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев

Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев.

Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.

  • Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде