Од каде им се пари на владиците да се лекуваат приватно од Ковид-19, прашува Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил ја искоментира веста за лекувањето на владиците Петар и Агатангел од Ковид-19 во една од приватните болници во Македонија.

„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба.Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот.Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“ – напиша Најчевска.

Инаку, вчера беше објавено дека владииците Петар и Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на Ковид-19.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде