Обвинителството најави жалба за куќниот притвор на Рашковски

Јавниот обвинител Ивана Трајчевска денеска на прес конференција, по одлуката за определување на куќен притвор за Драги Рашковски, истакна дека на оваа одлука ќе биде поднесена жалба.

„Одреден е куќен притвор, не е уважен предлогот на Обвинителството да биде определена мерка притвор.

Можам веднаш да кажам дека ќе следи жалба на таа одлука од причина што сметам дека обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои се бараше да биде определена мерка притвор, а не куќен притвор.

Со мерката на куќен притвор сметаме дека и натаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите докази и материјални докази кои што треба допрва да бидат прибавувани и да бидат сослушани сведоците во текот на постапката, од тие причини секако дека ќе поднесеме жалба во текот на утрешниот ден“, истакна Трајчевска.

Инаку, судија на претходна постапка денеска одреди куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци, му одреди попладнево судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд -Скопје по четиричасовниот распит.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде