Државниот завод за статистика информира дека денеска заклучно со 24 март во 8 часот, бројот на попишани граѓани од дијаспората изнесува 137.111 илјади.
Од таму додаваат дека интересот на нашите државјани во странство за учество во пописот секојдневно расте.
„За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk“, се наведува во соопштението.