Нора Шаќири разрешена од Театар Комедија

Министерката за култура, Ирена Стефоска ја разреши в. д. директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ, соопшти Министерството за култура, додавајќи дека нова в. д директорка е актерката Магдалена Ризова-Черних.

Одлуката е донесена по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.

„Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спpeчување на kopyпција и cyдир на интереси,

член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот 3aконик и член 11 од Законот за заштита од во3немиpyвање на работно место.

Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило диcциплинcката постапка врз вработени во време на изборен процес“, велат од кабинетот на министерката Стефоска.

Шаќири-Марковиќ дојде на функцијата на 2 февруари годинава, откако Стефоска го разреши дотогашниот  директор Сашо Ристовски поради неправилности во работењето.

Театар Комедија е основан во 2011, и е сместен во зградата на некогашниот Театар „Центар“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде