„Ноќ кога на државната клиника “Мајка Тереза” во Скопје се испишува историја, и се спасуваат животи“

„Ноќ кога на државната клиника “Мајка Тереза” во Скопје се испишува историја, и се спасуваат животи, вели д-р Александар Трајановски кој беше дел од тимот од Клиниката за Ортопедија.

Во раните утрински часови, ние тимот од Клиниката за Ортопедија во целосна координација и огромна поддршка од Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Министерот Венко Филипче за прв пат во нашата држава извршивме експлантација на коскено ткиво од починат донор.

Благодарение на хуманоста на прерано починатата пациентка и нејзните родители кои во сета болка дадоа согласност за донирање на органите.

Честитки и благодарност до колегите од Кардиохирургија за успешната втора трансплантација на срце. Благодарност до целиот тим кој работеше до раните утрински часови. Благодарам колеги.“, напиша д-р Трајковски на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде