Но сепак добро играа: Девојките кои се снимаа за на ТикТок во просториите на МВР биле странки

Министерството за внатрешни работи ја демантира веста дека вработени во Управните служби на МВР во работно време танцувале и се снимале за Тик Ток.

Оттаму велат дека Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди ги изврши потребните проверки и констатирано е дека видеото е снимено од странки, а не од вработени во МВР, во ходник во зградата на МРТВ, каде е сместено одделението за странци, и каде не е ограничено движењето на странките.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде