Николовски: Вредноста на подароците да не надминува 20 евра

„Вредноста на протоколарните подароци е определена до 20 евра“, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Според него, ГРЕКО позитивно го оценува донесувањето на новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, дава експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, но го поздравува и транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата.

„Со владина уредба точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни подароци од странски и домашни, физички и правни лица, при што е определено вредноста на подароците да не надминува 20 евра“, рече вицепремиерот Николовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде