Николовски: Секој вработен на раководна позиција во јавен сектор ќе мора да пријави имотна состојба

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски преку фејсбук статус најави дека се работи на воведување законска обврскa за пријавување имотна состојба за сите вработени на раководни позиции во јавниот сектор.

„Воведуваме законска обврскa за пријавување имотна состојба за сите вработени на раководни позиции во јавниот сектор.

Секој што ќе ја злоупотреби службената положба за стекнување лична корист и материјално ќе ги оштети граѓаните и државата ќе биде санкциониран!

Создаваме јавен сектор со интегритет и градиме доверба во институциите!“ – напиша Николовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде