Николовски: Работам 16 часа дневно, имам право на 3 дена одмор

Вицепремиерто за борба против корупцијата, Љупчо Николовски вели дека работел по 16 часа дневно и дека 3 дена дневно заслужил да се одмори.

„Љупчо Николовски, како било кој друг граѓанин има право на одмор законски како што го следува и тоа што ми следува законски нема да дозволам никој да ми го попречи. Три дена одмор на 16 часа работа за граѓаните и за државата, чесно, искрено и одговорно, имам право да ги посветам на сопругата. Можеби контекстот, од оваа временска дистанца е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи. Но, Љупчо Николовски ниту се вакцинирал, ниту правел бизнис, туку се бори против криминалот. Свесен сум дека вакви удари ќе има, но нема да ме поколебаат“, рече Николовски.

Николовски денеска со премиерот Зоран Заев беше во посета на компанијата Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде