Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски гостуваше во емисијата „Утрински Брифинг“ кажа дека доколку пописот не се одложеше само во месец април во Македонија ќе имаше плус 50.000 новозаразени.
„Јас не мислам дека во Македонија од корона вирусот се погодени само Македонци или само Албанци или Турци или Срби. Погодени се сите и епидемиолошката состојба е исклучително лоша и тоа беше основна причина зошто ВМРО-ДПМНЕ недели и месеци наназад бараше да се одложи пописот. Во ваква епидемиолошка состојба само од пописот би имале нови 50.000 илјади заболени и тоа само во април.“ – рече Николовски.