Никој не го сака клубот како играчите на Реал Мадрид: Овој потег тоа го докажува

Играчите на Реал Мадрид направија господски потег кој повторно може да му помогне на клубот да заштети дури 30 милиони евра.

Фудбалерите на великанот од Мадрид донесоа одлука да не ги прифатат бонусите кои им се загарантирани за евентуално освојување на титулите во Ла Лига и ЛШ.

А цифрата не е мала. Бонусите кои раководството на Кралевите мораше да го исплатат за освојување на трофеите изнесува 30 милиони евра, па ова секако е голема заштеда во време на големата криза во фудбалот.

Ова не е прв пат играчите на Реал да направат вакво нешто. Истото го направија претходната сезона кога му помогнаа на клубот да заштеди неверојатни 70 милиони евра.

Се откажаа од бонусите за освојување на ЛШ. На тој начин клубот заштеди 30 милиони евра, а прифатија и намалување на платите.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде