Ни ја одраа кожата: Едно кафе на Матка чини 160 денари, овде во Германија плаќам 2,5 евра – која е логиката?

Неспорно е дека во наша Македонија имаме прекрасни убавини. Охрид, Водно, Матка, Берово односно македонската Швајцарија и уште многу други места. Но едно е јасно – кај нас работите се претераа.

Пред 4-5 дена си дојдов од Германија. Решив да одморам во Македонија. Ми дојдоа и пријатели од Србија. Заедно со сопругата одлучивме да бидеме добри домаќини и да ги прошетаме во најубавите места во Македонија.

Прво заминавме во Охрид. Бевме во еден убав апартман кој беше навистина убаво уреден, модерен, чист. Но она што беше интересно е што верувале или не, плативме неверојатни 60 евра а во собата чекавме два ипол часа топла вода.

За иронијата да биде поголема, во кујната кој што беше во склоп на прекрасната соба, за жал немаше ниту лажици, ниту вилушки, ниту чаша за вода.

Го побарав газдата, по што неговиот одговор беше – да, господине, имавме мал проблем, но кај и да е, водата ќе биде топла. Но, тоа кај и да е, траеше цели 2 часа.

Наредниот ден заминавме во Трпејца, каде што плативме повторно огромна сума на пари за ситно мезе, кашкавалче, сиренце и една две салати со ракија. Чиниш во Санторини сме, а не во Охрид. Но нејсе.

Се вративме во Скопје каде што ги прошетавме пријателите на прекрасната Матка. Но и таму. Со вчудоневиденост погледнав и не можев да им поверувам на своите очи.

Кратко еспресо чини 160 денари! Си мислев можеби е некоја грешка, но не. Си реков – ова кај нас е навистина можно. И не само што беше можно, туку и остварливо.

Дојде сметката, си платив 4 кратки еспреса за сума од 640 денари. 640 денари за кафе во Македонија каде што просечна плата е 400-500 евра? Ни ја одравте кожата.

Па добро бе луѓе кај тоа вие живеете? Во кој свет вие живеете? Па да не зборувам за сумите кои беа во менито. Па тоа поскапо му доаѓа од Германија. Па во Германија секој втор ден после работа пијам кафе и го плаќам 2,5 евра.

Во Германија каде што земаме плати по 1.500, 2000 евра, а некои и по 3.000, 4.000 евра. Па нормално ли е ова?

На крајот од овој разговор пофалби за Малешевијата и моите пријатели од Берово за кои мојот драг гостин од Србија имаше само пофални зборови.

Чист воздух, најдобра храна и најдобри цени. Сума сумарум – ако ви доаѓаат гости, најтопло ви го препорачувам Берово.

Ќе си заминете најадени и напиени, одморени и тоа за цени нормални за наша Македонија.

Фејсбук статус на В.Миланов

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде