Нервозниот Роналдо ја фрли капитенската лента, му поништија погодок во продолжението

Во самиот финиш на натпреварот помеѓу Португалија и Србија беше видена голема драма.

Србија со головите на Митровиќ и Костиќ успеа да дојде до бод против Португалија, но сенка на натпреварот фрли одлуката на судиите да не го прзнаат голот на Роналдо.

Тој во продолжението шутираше, а топката од голот ја исфрли Максимовиќ. Помошниот судија не сигнализираше погодок, па Роналдо почна да прогестира и од лутина ја фрли капитенската лента и со рацете му сигнализираше на судијата да одсвири крај.

Дали Португалија е оштетена оценете сами…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде