Нема да се скриете од попишувачот, ќе ве бара се додека не ве најде дома

За десетина дена треба да започне пописот во Македонија, а дел од граѓаните но и политички партии повикуваат да не се отвара врата на попишувачите, со цел за наводна заштита од коронавирусот.

Сепак, од Државниот завод за статистика велат дека доколку лицата не бидат најдени дома или не им се отвори врата попишувачот има обврска да се враќа на адресата се додека не ги најде дома.

Доколку лицето не живее на таа адреса попишувачот ќе мора да го лоцира и да го изврши пописот.

Пописот на целото население ќе се спроведе од 1 до 20 април. Шест месеци потоа, се очекуваат и официјалните резултати од пописот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде